Производи и услуги за индустријата

Нашите производи и услуги за индустријата

Производите и услугите на СОЛ се дизајнирани со цел да ги исполнат барањата на индустриските потрошувачи. Течни и компримирани гасови, но и технолошки услуги и најдобрата опрема за безбедно користење на гасовите.


Гасови

90 годишното искуство во производство и дистрибуција на гасовите со цел да ја направиме работата на нашите клиенти полесна и побезбедна. Гас произведен од воздух, депозити или синтеза: без разлика како е произведен, СОЛ нуди многу висок квалитет на гасовите, со постојано и сигурно снабдување, гарантирајќи ја контролата на нечистотии до степен на "дел од милијарда" (ppb).

Главни гасови
Други гасови

Мешавини од гасови

Позитивните карактеристики на секој посебен гас, се комбинираат за да се добие еден високо-квалитетен производ. Ова е филозофијата која стои позади развојот и истражувањата на кои СОЛ е посветен при создавањето на мешавини, произведувајќи мешавини кои се точни и прецизни до "дел од милијарда" (ppb). СОЛ секогаш внимава на потребите на своите клиенти, постојано вршејќи лабораториски и теренски испитувања, со цел да понуди широк спектар на мешавини од гасови за сите потреби и апликации.


Гасови за ладење и природни флуиди за ладење

СОЛ за своите корисници избра широк спектар на природни и хидрофлуоркарбонатни - HFC гасови за ладење, вклучувајќи ги најраспространетите и најкомплетни производи на пазарот во комбинација со најновите истражувања, со кои може да ги исполни новите строги законски услови (регулативата на ЕУ за Ф-гасови). Исто така, СОЛ нуди поддршка за своите клиенти при воведувањето на нови системи кај постоечките погони, свесен за високите резултати кои денес се потребни за да се опстои на пазарот, при што внимава на животната средина и постапува во согласност со најновите прописи.


Методи на снабдување

Снабдувањето на најчистиот гас или балансирана мешавина не е доволно за да се има максимално ниво на квалитет на услугата. Во секторот за технички гасови, она што е од суштинско значење е снабдувањето со гас на начин, време и количина соодветна за секој клиент, при што СОЛ нуди голем број на можности со цел да им помогне на клиентите во нивните активности. Понудата на СОЛ за складирање и транспорт, се состои од мобилни контејнери под притисок, криогени резервоари, до цевководи или опрема за системите на самата локација, од уреди за регулација до активни и пасивни системи за безбедност.


Уреди

СОЛ нуди голем број на технолошки напредни и иновативни производи за сите апликации кои се достапни на пазарот. Комбинацијата гас – опрема – постројка нам ни овозможува да ги задоволиме различните потреби на пазарот, нудејќи индивидуални и прилагодени решенија за нашите клиенти.


Дополнителни услуги

Она што клиентот добива исто така може да се измери со квалитетот на услугите кои СОЛ ги нуди покрај производите. Ова претставува една од предностите на СОЛ кој може да им помогне на своите клиенти да се справат со сите предизвици на пазарот. Технички и технолошки консултантски услуги, обука, следење на производот и контејнерот, далечинска контрола на потребата за дополнување,и пакетот за Целосно управување со гасот со кој се управува со сите аспекти од набавката.


СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на