ЛасерСОЛ
Единечните гасови, повеќекомпонентните и специјалните мешавини во серијата ЛасерСОЛ наменети за снабдување на ласерските извори, се создадени за да обезбедат најдобри резултати кај професионалната и индустриска ласерска опрема. Високата чистота на суровините, квалитетот на боците и потрошните материјали кои се користат, прецизното полнење и квалитативната анализа во текот на процесот, сето ова ги обезбедува најдобрите оперативни резултати и зачувување на ласерската опрема со текот на времето.
Широкиот спектар на решенија од серијата ЛасерСОЛ, од мешавини базирани на јаглерод диоксид (CO2), азот (N2) и хелиум (He) до иновативните мешавини збогатени со ксенон (Xе) и јаглерод моноксид (CO), како и севкупното искуство на нашите консултанти овозможуваат да се избере производот кој најдобро одговара на специфичните барања на секој клиент, со можност за прилагодени решенија за клиентите со најсложени потреби.