ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ВЕБ СТРАНА НА ТГС ТЕХНИЧКИ ГАСОВИ СКОПЈЕ

ТГС Технички Гасови ДОО Скопје (во понатамошниот текст: ТГС Скопје) преку својата веб страница обработува лични податоци на лицата кои ја посетуваат оваа страница. Оваа обработка е во согласност со Законот за заштита на лични податоци (Службен весник на РСМ, бр 42 од 16.2.2020 година), Правилникот за безбедност на обработка на личните податоци (Службен весник на РСМ, бр 122 од 12.5.2020 година), како и останатите прописи кои ја уредуваат оваа материја.

Преку Политиката за приватност, посетителите ќе можат да се запознаат со начинот на кој се собираат, целите за кои се користат, временскиот рок на чување на личните податоци, безбедноста која се презема при нивната обработка и чување, како и правата кои, физичките лица, како субјекти на лични податоци ги имаат.

Офицер за заштита на лични податоци

Вие можете во секое време да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци преку dpo@tgs.com.mk, на телефонскиот број 02/2031-411, како и во просториите на ТГС Скопје на адресата Ул. Ацо Шопов бр.80 за прашања поврзани со обработката на личните податоци.

Кои податоци и за која цел ги собираме при вашата посета на нашата веб страница?

При посета на нашата веб страница, ние ги обработуваме вашите лични податоци за повеќе цели, како:

  1. Испраќање на ваша апликација за вработување во ТГС ДОО Скопје (кои можат да содржат име презиме, контакт податоци, податоци од образованието, како и други податоци кои вие ќе ни ги доставите). Овие лични податоци ги користиме бидејќи: се неопходни во процесот на селекција и регрутација на кандидати
  2. Чување на апликации во базата на ТГС ДОО Скопје за идни отворени позиции.
  3. IP адреса ______________________________.

 

Колачиња

Колачињата претставуваат мали текстуални фајлови кои од серверот на посететената веб страница се пренесуваат на компјутерот на посетителот и подоцна, веб страницата ќе може да пристапи до нив (на пр. за да идентификува конкретен уред и со тоа да ги запамети log-in деталите и преференциите на посетителот на веб страницата).

Ние ги користиме следните колачиња:

Неопходни – Потребни за правилно функционирање на страната и не можат да се исклучуваат во нашите системи. Тие обично се поставуваат само како одговор на постапките направени од вас, што претставува барање за услуги, како што се поставување на преференциите за приватност или пополнување формулари во контакт-формата. Може да го поставите прелистувачот да ги блокира или да предупредува за овие колачиња, но блокирањето на овие колачиња ќе спречи да работи веб-страницата. Овие колачиња не зачувуваат никакви лични податоци.

Технички - Технички колачиња се оние што се користат со единствена цел „да се изврши пренос на комуникација преку електронска комуникациска мрежа или како што е строго неопходно за давателот на услугата на информатичкото општество изрично побарана од претплатникот или корисникот да ја обезбеди оваа услуга“.

Тие не се користат за други цели и вообичаено се инсталирани директно од сопственикот или менаџерот на веб-локацијата.

Аналитички – Овие колачиња се користат за собирање информации за користењето на страницата од страна на корисниците (број на посетители, посетени страници, време поминато на страницата итн.)

Законски основ на обработка на личните податоци

Законски основ за обработка на вашите апликации е исполнување на договор, односно, каде се преземаат активности на барање на субјектот на лични податоци пред неговото пристапување кон договорот.

Законски основ на чување на вашите апликации во нашата база е согласност. Откако ќе ја испратите вашата биографија, нам ни е потребна вашата согласнот за чување на апликацијата во нашата база. Доколку сакате да ја повлечете вашата согласност, тоа можете да го направите бесплатно и во секое време со поднесување на меил , или во просториите на ТГС Скопје. Во случај да не се согласите, ние нема да ја чуваме вашата апликација во нашата база, туку истата веднаш ќе биде избришана.

Законски основ за колачињата е согласност. Ние ја бараме вашата согласност уште пред да ги поставиме колачињата на вашиот уред, со исклучок на неопходните колачиња кои се поставуваат за нормално функционирање на веб страницата. Откако ќе изберете кои колачиња сакате да бидат поставени на вашиот уред, во вашиот прелистувач можете да ги модификувате, како и да ги исклучите веќе поставените колачиња.

Временски рок на чување на личните податоци

Личните податоци собрани при обработка на вашите апликации ги чуваме:

За вашите апликации: 1 година

За апликациите во нашата база: 1 година

За колачињата: по завршување на сесијата се бришат

За (некоја друга обработка): _________________

Споделување со трети страни и пренос на лични податоци

Ние не ги споделуваме вашите податоци добиени преку оваа веб страница со трети страни, ниту пак, согласно Законот за заштита на лични податоци вршиме трансфер во Европската Унија и Европскиот Економски Простор или пак во трети земји.

Безбедност на личните податоци

Безбедноста на личните податоци кои ги собираме преку оваа веб страница ја обезбедуваме преку: Ограничување на пристапноста до собраните податоците. Истите ги обработува само лице од одделот за Човечки ресурси кое има дозвола за обработка на лични податоци.

Вашите права

Како субјекти на лични податоци, согласно Законот за заштита на лични податоци имате права кои можете бесплатно да ги остварите, притоа контактирајќи го нашиот Офицер за заштита на лични податоци на меилот dpo@tgs.com.mk, или пак на телефонскиот број 02/2031-411, како и во просториите на ТГС Скопје на адреса ул. Ацо Шопов бр. 80.

Правата кои ги имате се:

  • Право на пристап на субјектот на лични податоци - Субјектот на личните податоци има право да добие потврда од контролорот дали се обработуваат негови лични податоци или лични податоци за него и доколку се обработуваат, да добие пристап до личните податоци
  • Право на исправка - Субјектот на личните податоци има право да побара и да добие од контролорот во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето, исправка на неговите неточни лични податоци. Земајќи ги предвид целите на обработката, субјектот на личните податоци има право да ги дополни нецелосните лични податоци, со давање на дополнителна изјава.
  • Право на бришење („право да се биде заборавен“) - Субјектот на личните податоци има право да побара од контролорот да ги избрише неговите лични податоци при што контролорот има обврска да ги избрише личните податоци во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за бришење, ако е исполнет еден од условите наведени во Член 21 од ЗЗЛП.
  • Право на ограничување на обработката - Субјектот на личните податоци има право да побара ограничување на обработката од контролорот, ако е исполнет еден од условите наведени во Член 12 од ЗЗЛП.
  • Право на преносливост на податоците - Субјектот на личните податоци има право да ги добие неговите лични податоци, а кои тој ги има дадено на контролорот во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат при што има право да ги пренесе тие податоци на друг контролор без попречување од страна на контролорот на кого личните податоци се дадени, ако се исполнети условите од Член 24 од ЗЗЛП.
  • Право на приговор - Субјектот на личните податоци врз основа на конкретна ситуација поврзана со него има право да поднесе приговор до контролорот во секое време, против обработката на неговите лични податоци, врз основа на членот 10 став (1) алинеи 5 или 6 од овој закон, вклучувајќи и профилирање засновано на овие одредби.
  • Право да се поднесе барање до Агенцијата за заштита на лични податоци.