Оваа интернет страна има единствена цел да обезбеди општи информации за Групацијата СОЛ и услугите кои оваа компанија ги нуди и ќе се потруди обезбедените информации да бидат колку што е можно поажурирани, поточни и покомплетни. Во ниеден случај, Групацијата СОЛ не гарантира дека информациите објавени на оваа интернет страна или до кои може да се дојде преку интернет страната се точни и целосни и го задржува правото да прави измени или дополнувања на содржината на објавените документи и/или на програмите наведени на интернет страната, без притоа да даде претходна најава.
Групацијата СОЛ не презема никаква одговорност за грешките, неточните податоци и пропустите во однос на информациите кои се достапни на или преку интернет страната и воопшто за било каква штета, без разлика дали директна или индиректна, која настанала како последица од неможноста да се користи интернет страната, од користењето на информации објавени на интернет страната или информации достапни преку неа, од било која грешка во софтверот или контаминација кои произлегла од користењето на оваа интернет страна или од поврзувањето или симнувањето на материјали од оваа интернет страна.
Правата од интелектуална сопственост за сите документи кои ги има на интернет страната и за сите елементи од кои се состои страната припаѓаат исклучиво на групацијата СОЛ, која не дава било каква дозвола или право, освен права кои произлегуваат од користење на интернет страната. Трговските марки и другите права од интелектуална сопственост кои се наоѓаат на интернет страната се сопственост на СОЛ групацијата или се дадени од трети страни на употреба на групацијата.
Групацијата СОЛ во никој случај не е одговорна за содржината и функционирањето на другите интернет страни кои се достапни преку оваа страна. Постоењето на поврзувачки линк не значи одобрување или прифаќање на одговорност од страна на Групацијата СОЛ, од причина што овие страни се независни од групацијата која не може да врши контрола над нив.
Информациите објавени на оваа страна се од чисто информативен и советодавен карактер и не имплицираат било какви професионални односи со корисникот и/или било кој, кој ја гледа страната; истите не треба да се сметаат како консултација ниту пак означуваат професионален однос со клиентот. Поради тоа, јасно и експлицитно се бара од корисникот да не превзема било какви дејствија врз основа на информации кои ги има на оваа интернет страна.
Доколку го има, делот од интернет страната назначен за „Коментари“ е на располагање на корисниците за да може да комуницираат меѓу себе. Нелегално е овие делови да се користат за испраќање на содржини кои ги кршат правата на трети лица или се незаконски. Со испраќање одредени содржини во овие делови, ќе се смета дека сте ги прочитале и целосно сте согласни со овие Услови и правила. Групацијата СОЛ во ниеден случај не е одговорна за било каков материјал објавен во овие делови бидејќи истите не ги контролира. Доколку забележите незаконско однесување кај одреден корисник, ве молиме тоа да го пријавите на info@vivisol.it.
Во случај на било каков спор кој произлегол како резултат на користење на оваа интернет страна или поради симнување или користење на материјали, или било кој друг проблем помеѓу корисникот и сопственикот на интернет страната или друг субјект кој соработувал, соработува или ќе соработува при креирањето и менаџирањето на страната, корисникот се согласува да ја прифати јуриздикцијата на италијанската држава, односно дека важечки ќе бидат законите на Италија кои се валидни во времето на спорот, независно од местото на живеење на корисникот или регистрираното седиште. Судот во Милано ќе има ексклузивна надлежност над било кој спор.
Услугите се обезбедени, создадени и управувани директно од групацијата СОЛ или од други субјекти со кои таа има договор.
Пријавувањето на услугата Билтен подразбира читање и целосно согласување со овие Услови и правила, вклучувајќи ја и политиката за приватност. Доколку не е направено пријавување на услугата Билтен, истата нема да биде достапна. Политиката за приватност на трети лица кои обезбедуваат услуги може да се види на нивните релевантни интернет страници.