Криогени контејнери

Дјуари

Кога има високи практични барања за мобилност и флексибилност, а притоа е потребно да се користат криогени флуиди, тогаш најпрактично решение се дјуарите. Во нив долготрајно може да се складира криоген гас во течна состојба, под притисок или на атмосферски притисок, во многу мали количини кои може да варираат од неколку литри до 1м³.

Резервоари

Криогените резервоари овозможуваат складирање на големи количини на гас во криогена форма. Тие во основа се состојат од два контејнери сместени еден во друг. На овој начин се формира празнина која го изолира гасот од надворешната средина. Согласно потребите, производот може да биде извлечен во гасовита форма или да се остави како течност.

СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на