Опрема и потрошен материјал во прехранбената индустрија
СОЛ своите клиенти од прехранбената индустрија може да ги снабди со опрема и материјали безбедни за употреба со храна, благодарение на искуството кое го има со прехранбени гасови во водечките компании во Италија и Европа.
СОЛ го комбинира производство на материјали безбедни за употреба со храна со дизајнирањето и изградбата на цевководи за дистрибуција на гасови, од прехранбената индустрија во согласност со важечката законска регулатива, така што клиентите можат да бидат сигурни дека смеат да го користат гасот при производството и пакувањето на храна, без притоа да постои ризик за здравјето на потрошувачите.
Кога прехранбените гасови се користат во криогена состојба (азот и јаглерод диоксид) за замрзнување и ладење на прехранбените производи, СОЛ може да им даде поддршка на своите клиенти со иновативни технолошки решенија, со кои може да се оптимизира потрошувачката на енергија, да се намалат оперативните трошоци и да се подобри квалитетот на производот. Од опремата за ладење и замрзнување која СОЛ им ја нуди на своите клиенти (кабини, тунели и слично), тунелите за замрзнување "азотен нож" патентирани од страна на СОЛ и тестирани од страна на независно тело, беа оценети како најдобра опрема за замрзнување на прехранбени производи меѓу оние кои се промовирани во последните неколку години.