Тренинг
Безбедно користење на гасовите
Заштитата на здравјето и безбедноста на човечките ресурси, претставуваат основа и основни вредности за СОЛ групацијата и поради тоа СОЛ промовира курсеви за обука на своите клиенти за безбедно користење на гасовите. Ова се теоретски и практични курсеви направени согласно потребите на клиентите, а се базираат на речиси еден век искуство во секторот.
Курсеви за заварување
Курсеви за безбедност на работното место според dl 81/2008
Референтниот текст за здравје и безбедност на работниците е Европската директива 89/391/CEE од 13 јуни 1989 година, која ги содржи минималните услови за безбедност и здравје кои важат во цела Европа. Во Италија, декретот со кој се спроведува Директивата 89/391/CEE од 13 јуни 1989 година, е познат како "Текст за безбедност и здравје на работното место" (TUSL).
Помеѓу одредбите на TUSL стои и обврската за обука и информирање на персоналот кој е вклучен во активноста.
Оваа информација и обука мора да ги вклучуваат:
-
опасностите и специфичните ризици од активностите и мерките за превенција и заштита, како што се назначени во документот за проценка на ризикот;
-
опасните карактеристики на гасовите и другите хемиски производи кои се користат во производствениот процес, како што се назначени во информациите за безбедност;
- прописите за безбедност на активностите кои се вршат, како што се назначени во процедурите на компанијата, прописите и други документи;
прва помош, противпожарна заштита и внатрешен план за вонредни состојби.
Обуката мора да се обезбеди во случај на:
- вработување;
- трансфер или промена на должности;
- воведување на нова опрема, технологии или опасни супстанции;
- воведување на нови прописи или промена на постојните;
- ажурирање на проценката на ризик;
- и мора секако периодично да се повторуваат.
СОЛ е овластен да врши ваков вид на обуки за своите клиенти како и да издава потврда која е валидна според TUSL по тестот за проверка на знаењето.