Специјални гасови

Специјални гасови

Основата на своето знаење СОЛ го има од испитувањата кои биле извршени, ги споделува своите развојни цели и потребните методи за создавање на нови производи и подобрување на ефикасноста на постојните услуги.

Нашите чисти и специјални гасови како и мешавините се произведуваат со користење на најдобрите достапни технологии за да се гарантира нивниот квалитет и сигурност, без при тоа да се прават било какви компромиси.

Нашата понуда не се однесува само на понуда на гасови, истата вклучува и услуги, постројки, опрема и апарати за да им се овозможи на нашите клиенти да работат на безбеден и ефикасен начин.

Сектори на примена

Истражувачки центри и универзитети
Генерално заинтересирани за гасови носачи со висок степен на чистота за гасна хроматографија, инструменти за калибрација и гасни соединенија како прекурзори во хемиска синтеза.

Хемиска и нафтено-хемиска индустрија
Транспорт и гасови за калибрација и мешавини за калибрација за инструменти кои се користат за контрола на процесите и емисиите.

Здравствени установи
Вашите производи и мешавини за лабораториски анализи и дијагностицирање.

Сектори со посложени технолошки процеси
Техничките гасови се од фундаментално значење за иновациите во производствените процеси во електрониката, автомобилската и индустријата за обновливи извори.

Фармацевтска индустрија

Квалитетни гасови за фармацевтската индустрија со контролиран и сертифициран циклус на производство; услуги за валидација на процесите и постројките.

Следење на животната средина
Гасови и повеќе-компонентни мешавини за контрола на емисии.

Гасови

Во центрите за производство на чисти гасови и специјални мешавини СОЛ произведува:

Единечни гасови 

Гасови со чистота која достигнува и 99.9999 %

Стандардни мешавини
Мешавини со дефиниран состав кои ги има на залиха и се доставуваат со сертификат за усогласеност на целата производна шаржа

Специјални мешавини
Слични на стандардните мешавини, без претходно дефиниран состав.

Сертифицирани мешавини
Мешавини без претходно дефиниран состав доставени со сертификат за подготовка.

Мешавини со висока прецизност
Се наоѓаат на врвот на производствената линија на СОЛ

Поединечно се анализираат и содржат компоненти во концентрации и со аналитичка толеранција супериорна во однос на другите видови на мешавини

Услуги

СОЛ нуди прилагодени решенија за активностите поврзани со употребата на гас:

  • Консултации, дизајнирање и изградба на складиште за гас и постројка за дистрибуција.

  • Понуда на генератори за чист гас за лаборатории.

  • Поддршка и помош за оптимизација на постојни и нови постројки и погони.

  • Дополнување на течен азот, аргон и хелиум.

  • Раководење со управувањето со услугите (TGM). Ова претставува најкомплетна услуга која им се нуди на клиентите и има за цел да обезбеди една апликација за сите активности поврзани со потрошувачката на технички, чисти и специјални гасови:

    • Поврзување на боците до станиците и корисничките места.

    • Следење на потрошувачката и надополнувања на резервите.

    • Управување со редовното и вонредно одржување.

    • Контакт услуга, исто така 24/24 со брза интервенција.

СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на