Серија Енермикс Премиум (ENERMIX PREMIUM)
Име на производот
Енермикс. Комплетна линија на технички гасови за врвни перформанси при сечење и заварување. Серијата ПРЕМИУМ, врвен домет за врвни перформанси . Од СОЛ – истражување и развој, развиени се двокомпонентни, трикомпонентни и четворокомпонентни мешавини, специјално креирани за секоја специфична апликација.
Енермикс AX |
Заштитна мешавина за рачно и автоматско MAG заварување на јагленороден и нисколегиран челик, најдобро за лимови со средна дебелина |
Енермикс M |
Карактеристики: - добри резултати кај лачно заварување - голема брзина - одличнастабилност на лакот - одлична моќ на пенетрација - одлична естетика - намалување на испарувањето. |
Енермикс H |
Мешавини за рачно и автоматско GTAW заварување на аустенитен нерѓосувачки челик, никел и легури со никел. Исто така може да се користи како заштитен гас при плазма заварување и сечење на високо легиран нерѓосувачки челик. Карактеристики: -добра брзина на заварување -добра пенетрација -добра естетика на заварениот дел (намалена оксидација) |
Енермикс NH |
Мешавина од гас која се користи при заварување на аустенитен нерѓосувачки челик кој не е стабилизиран со титаниум. |
Енермикс 3 |
Инертна мешавина за GTAW заварување на материјали од обоени метали и легиран или нелегиран јагленороден челик. При GMAW заварувањето, Енермикс 3 мешавината се користи за легури со алуминиум, никел и бакар. Исто така се користи и како плазма гас за заварување на алуминиум, никел и нивните легури. Се користи и кај лачното лемење на заштитен и незаштитен челик. Карактеристики: -може да се користи со тенки табли -голема брзина на заварување -добра пенетрација - го олеснува воспоставувањето на лакот -намалување на порозноста. |