Несреќен случај: случаен настан кој би можел да доведе до повреда или материјална штета.
Сепарација на воздух: процес на одвојување на гасовите кои се содржат во воздухот со помош на дестилација со што се добиваат течни и гасовити производи.
Ревизија: систематски, независен и документиран процес за да се изврши објективна проценка во која мера се исполнети критериумите за управување во однос на референтните.
BS OHSAS 18001: меѓународен стандард издаден од страна на Институтот за британски стандарди со кој се утврдуваат условите на системот за управување со здравје и безбедност. Им овозможува на организациите да бидат свесни и ги држат под контрола ризиците кои произлегуваат од работењето во нормални и вонредни услови и да се подобри безбедноста.
Ладен конвертор: контејнер со изолирана вакуумска комора за криогенски гасови на многу ниска температура, заедно со инструменти за следење, мерење и безбедност.
Кондиционирање: производствен процес при кој се зема гас од секундарниот резервоар каде тој се чува, се компресира во гасовита или течна состојба и се става во мобилни контејнери. Кондиционирање исто така вклучува низа на активности кои се вршат на контејнерите од моментот кога ќе пристигнат во центарот се до складирањето на полните контејнери подготвени за испорака.
Цилиндрични рамки: челична конструкција која се состои обично од 8 до 16 цилиндри во вертикална позиција со што се олеснува ракувањето со нив со виљушкари.
Цилиндри во пакети: група на поврзани цилиндри во метална конструкција. Испустите на цилиндрите се наоѓаат на исто место.
Цилиндар: контејнер од челик или лесна легура за компримиран, течен или растворен гас.
EMAS (Eco-Management and Audit Scheme): регулатива на Европската заедница 761/2001. Доброволен инструмент за спроведување на Политика за животната средина во насока на постојано подобрување на еколошките перформанси на компаниите.
Безбедност на храна: концепт според кој храната не смее да им наштети на потрошувачите доколку се подготвува согласно нејзината намена.
Индекс на честота: односот помеѓу бројот на несреќи и часови помножен со 1 милион. Служи за да се измери колку често се случуваат несреќи.
Иницијатива за глобално известување (Global Reporting Initiative - GRI): мрежа со повеќе членови создадена во 1997 година која се состои од компании, невладини организации, здруженија, деловни организации и другите меѓународни организации вклучени во работите што се однесуваат на корпоративна социјална одговорност. Нејзината мисија е да се направи и промовира глобална референца за изготвување на извештаи за одржливост во кои се опишуваат економските, еколошките и социјалните влијанија кои компаниите или организациите ги имаат со своите активности.
Повреда: несакан настан на работното место кој предизвикува повреда на телото или болест која објективно може да се провери.
ИСКЗ (Интегрирано спречување и контрола на загадувањето): Стратегија стапена на сила со Директивата 96/61/CE за намалување на загадувањето предизвикано од различни извори во ЕУ. Сите видови на инсталации наведени во Прилог 1 од оваа директива мора да добијат интегрирана дозвола од надлежните органи во различните земји. Се основа на премисата дека неуспехот да се усвојат заеднички пристап за контрола на емисиите во воздухот, водата и почвата не може да доведе до намалување на загадување, туку негово пренесување од еден вид во друг.
Стандард ISO 50001 (управување со енергија): меѓународен стандард со цел да им помогне на организациите во подобрувањето на нивната енергетска ефикасност и намалувањето на влијанието врз климата и животната средина.
Хаварија: настани како сериозни пожари или експлозии поради неконтролиран развој на некои настани во присуство на опасни супстанции, кои можат да предизвикаат сериозна опасност за здравјето на луѓето или животната средина.
Медицински уред: било кој инструмент, апарат, опрема, машина, уред, постројка, реагенс ин витро или за калибрација, компјутерски софтвер, материјали или други слични или поврзани производи за самостојна или комбинирана употреба кај лица за една или повеќе специфични цели при дијагноза, превенција, контрола, терапија или намалување на одредено заболување; за дијагноза, контрола, терапија, намалување на некој хендикеп; за студирање, замена или модификација на анатомијата или одреден физиолошки процес; за интервенирање за зачнување каде што главното посакувано дејство во или на човечкото тело не може да се изврши со фармаколошки или имунолошки средства или преку метаболизмот, но чија функција може да биде потпомогната од страна на овие средства.
Медицински гас: било кој лек кој што се состои од една или повеќе активни гасовити супстанции кои може но не мора да се меша со други гасови.
Мобилен контејнер: контејнер за компримирани, течни, растворени и криогенски гасови кои се користат за транспорт на производи. Мобилни контејнери се: цилиндри, цилиндри за гас, цилиндри во пакети, вакуумирани садови и други преносни единици.
Политика (за квалитет, безбедност, животната средина): општи принципи, насоки и упатства на една организација.
Единици на примарниот процес: единици каде гасовите се произведуваат од сировини.
Примарно складирање: контејнер за течен криогенски гас наполнат директно во производствениот погон. Систем за управување со квалитет, безбедност и животна средина.
Систем за управување со квалитет, безбедност и животна средина (Quality, Safety and Environment Management System - SHEQ/MG): дел од општиот систем за управување кој вклучува организациона структура, планирање, одговорности, процедури и постапки за подготовка, имплементирање и одржување на дефиниран квалитет, безбедност и/или политики за животната средина.
Суровини – примарни единици во процесите: атмосферски воздух, за производство на кислород, азот и аргон; природен гас, за производство на водород и јаглерод диоксид; калциум карбид за производство на ацетилен; амониум нитрат за производство на азотен оксид.
REACH: ЕК регулатива бр. 1907/2006 (регистрација, евалуација, одобрување и ограничување на хемикалии). Нејзината главна цел е подобрување на свеста за опасностите и ризиците кои произлегуваат од хемиските супстанции, со цел да се постигне високо ниво на заштита на здравјето на луѓето и животната средина.
Одговорна нега: доброволна програма во светот на хемиската индустрија базирана на спроведувањето на принципите и однесувањето во однос на безбедноста и здравјето на работниците и заштита на животната средина и обврската да се споделат добиените резултати со цел да се постигне континуирано и значајно подобрување.
Опрема дадена на употреба: техничка/технолошка опрема купена од трети лица и дадена на употреба на клиентите како дел од услугите, но кои остануваат во сопственост на СОЛ; на пример мобилни контејнери, конвертори итн.
Единици на секундарен процес: единици каде што се кондиционираат гасовите, обично се користат гасови кои доаѓаат од единиците на примарниот процес, во нивната физичка форма (што може да биде компримиран гас или криогенска течност) во такви контејнери (цилиндри, цилиндари во пакет или резервоари) кои се најдобри за дистрибуција до крајните корисници. Некои единици исто така произведуваат чист гас и мешавини од гасови со висока чистина.
Секундарно складирање: контејнери за криогенски гас во течна состојба полнети со цистерни кои обично се поставуваат кај единиците на секундарниот процес.
Индекс на сериозност: односот помеѓу деновите на отсуство поради повреда и одработените часови помножени со 1 милион. Служи за да се измери сериозноста на повредата.
Директива Севесо (CEE/82/501 и последователни промени): европска регулатива во насока на спречување и контрола на ризикот од сериозни несреќи. Ги регулира индустриските активности кои се однесуваат на складирање и/или употреба на одредени количини на опасни материи.
Засегнатите страни: сите категории на субјекти, приватни или јавни, поединечни или колективни, внатрешни или надворешни, кои можат да влијаат на успехот на еден бизнис или чии интереси се вклучени во бизнис одлуките: клиенти, добавувачи, инвеститори, локални заедници, вработени, синдикати, јавна администрација, идни генерации итн.
Реформирање со пареа: процес при кој метанот реагира со пареа во присуство на катализатор при што се произведува водород и CO2.
Одржливост (види Одржлив развој)
Одржлив развој: развој кој може да ги задоволи тековните економски, еколошки и социјални потреби без да се загрозат шансите на идните генерации да бидат во можност да ги задоволат нивните.
UNI EN ISO 13485 стандард (медицински уреди - системи за управување со квалитет): меѓународен стандард кој има за цел да се зголеми веројатноста дека организации кои работат во областа на медицинските уреди ги задоволуваат законските барања кои постојат на светско ниво за управување со квалитет, така што обезбедуваат безбедни и ефикасни медицински уреди.
UNI EN ISO 14001 стандард (управување со животна средина): меѓународен стандард кој ги утврдува основите на системот за управување со животната средина. Им овозможува на организациите да бидат свесни за тоа и да ги држат под контрола активностите кои имаат значително влијание врз животната средина како и да ги подобрат своите еколошки перформанси.
UNI EN ISO 22000 стандард (системи за управување со безбедност на храна) меѓународен стандард кој ги дефинира условите на системот за безбедност на храната и управување со хигиена.
UNI EN ISO 27001 стандард (безбедност на информации): меѓународен стандард кој ги дефинира условите за поставување и водење на системот за управување со безбедноста на информациите (логична, физичка и организациска безбедност), со цел заштита на податоците и информациите од закани од секаков вид и обезбедување на нивниот интегритет, доверливост и достапност.