Одржливост
Нашиот модел за одржлив развој
Моделот за одржлив развој на СОЛ групацијата има за цел да обезбеди економски раст при што влијанието на активностите на компанијата врз животната средина ќе биде на минимално ниво и ќе се заштити здравјето и безбедноста на вработените, што претставува гаранција за развој.
Свесни сме дека очекувањата на засегнатите страни треба секогаш да бидат во согласност со очекувањата на сите оние кои се поврзани со компанијата бидејќи сите тие имаат легитимни интереси.
Моделот на управување кој е усвоен со цел да се постигне одржливост е основан врз база на Системите за корпоративно управување, Внатрешна контрола и Системот за интегрирано управување за квалитет, безбедност и животна средина.
СОЛ групацијата секоја година објавува Извештај за одржливост кој може да се разгледа и симне од интернет страната на групацијата.