Природни средства за ладење

Природните средства за ладење ја претставуваат зелената алтернатива на фреонот и имаат многу мало влијание врз животната средина, со минимални вредности на ODP (потенцијал за намалување на озонот) и GWP (потенцијал за глобално затоплување), не ја оштетуваат озонската обвивка и нивниот придонес за глобално затоплување е под границите утврдени со Кјото протоколот.

Природните средства за ладење, бидејќи станува збор за природни гасови, спаѓаат во поширокото искуство кое СОЛ го има затоа што негова специјалност е ракување со гасови под висок притисок, кои во исто време може да бидат токсични и запалливи.

Природните средства за ладење се поделени на три групи:

Амонијак (R717)

Амонијакот е природно средство за ладење познат по многу добрите резултати. Тој се користи во индустријата за ладење од 1930 година, има многу ниска точка на вриење и висока енергетска ефикасност, благодарение главно на многу високата латентна топлина на испарувањето.

За разлика од одличните својства кои ги има за ладење, амонијакот е токсичен за луѓето, запаллив е и не е компатибилен со бакарни кола. Со цел да се избегнат овие проблеми, се користи секундарен флуид со што се избегнува директната експанзија, обично со гликолна вода или јаглерод диоксид. Поради комплексноста на овие погони, амонијакот се користи кај големите индустриски погони или во супермаркетите и спортските објекти.

Јаглерод диоксид R744

Јаглерод диоксидот се користи за пресметување на GWP, така што тој е исклучително безбеден за животната средина во однос на глобалното затоплување и нема влијание врз озонската обвивка, во минатото тој многу се користел пред воведувањето на CFC и HCFC (кои денес повеќе не може да се користат).

Карактеристиките на јаглерод диоксидот, освен добриот пренос на топлина, се голем волуменски капацитет на ладење, што овозможува користење на мали компресори, како и одлична термодинамичка ефикасност на мали и средни температури. Особеноста на јаглерод диоксидот во споредба со другите средства за ладење, е тоа што при неговата употреба потребни се посебни постројки поради неговиот дијаграм (P / Т).

Тој не е токсичен ниту запаллив, не е патентиран и не постојат ограничувања за негова употреба низ целиот свет, фактори кои ги прават трошоците за негово производство и дистрибуција ниски во споредба со другите гасови за ладење.

Јаглеводороди

Како и амонијакот, употребата на јаглеводородите беше широко распространета и во домаќинствата и во индустријата, се до доаѓањето на CFC и HCFC. Денес тие повторно станаа многу интересни, бидејќи поради тоа што не содржат ниту флуор ниту хлор, тие не се штетни за животната средина: скоро сите домашни фрижидери кои моментално се продаваат на пазарот користат јаглеводороди.

Освен одличниот пренос на топлина, употребата на јаглеводородите за ладење има голема предност, а тоа е можноста за употреба на минерални масла, со што се избегнуваат проблемите со влага кои се јавуваат при користењето на синтетички масла.

Опасноста за постројките кои денес користат јаглеводороди е многу ниска, благодарение на намалувањето на количеството на HC во апаратите и одредбите од Регулативата EN378.

Употреба

ASHRAE код

Климатизација

Комерцијално ладење 

Индустриско ладење 

 

Топлински пумпи

Разладен уред

Транспорт со ладење

R717 амонијак

 

 

 

 

R744 јаглерод диоксид

 

 

HC

R32 дифлуорометан

R290 пропан

R600 нормален бутан

R600A изо-бутан

R-E170A диметил етер

R170 етан

 

Податоци за безбедност

Технологии
Сектори на употреба
СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на