АлиСОЛ
АлиСОЛ претставува специфична серија на гасови и мешавини од гасови кои се сертифицирани за употреба во прехранбената индустрија ,и со материјали/ безбедни за употреба со храна. Постројките, технологиите и услугите кои ги нуди СОЛ, целосно ги исполнуваат условите за пакување на прехранбени производи во заштитна атмосфера.
Пакување во модифицирана атмосфера
Пакувањето на храната во модифицирана или заштитна атмосфера, е технологија на пакување при која нормалниот состав на воздухот во внатрешноста на пакувањето се менува на контролиран начин. Пакувањето во заштитна атмосфера го продолжува рокот на траење на храната на природен начин, без притоа да го измени нејзиниот вкус и карактеристики.
Кислород, азот, јаглерод диоксид, аргон, хелиум и азотен оксид, се гасови кои се сертифицирани за употреба со храна. Тие спаѓаат во категоријата на адитиви одобрени за употреба во прехранбената индустрија и истите се главните компоненти на мешавините кои се користат во заштитните атмосфери. Со АлиСОЛ серијата на гасови која вклучувамоно-гасови и претходно подготвени мешавини од гасови со различни проценти од главните гасови наведени погоре, се овозможува адекватно да се одговори на потребите на компаниите од прехранбената индустрија, при што се гарантира почитување на спецификациите за чистота на производите класифицирани како адитиви за храна во согласност со правилата на HACCP.
Заштитната атмосфера се користи за пакување на различни видови на прехранбени производи и тоа:
- Бело и црвено месо
- Зеленчук
- Риба
- Свежи полнети тестенини
- Млечни производи и сирења
- Пекарски производи
- Кафе и други производи во прав
Влијанието на гасовите за употреба со храна кај MAP
Азотот (N2) и аргонот (Ar) се гасови кои се користат за намалување на концентрацијата на кислород со што се одбегнува оксидација, се забавува развојот на аеробни микроорганизми и се задржува волуменот на пакувањето.
Јаглерод диоксидот (CO2) има значаен индиректен ефект при контролата на микробиолошката активност со бактериостатско делување.
Кислородот (O2) се користи за одржување на црвената боја кај месото и за да се избегне анаеробната ферментација кај растителните производи.
Азотниот оксидул (N2O) главно се користи кај течностите кои содржат масти.
Хелиумот (He) се користи за кај пакувањата за храна.
Серијата АлиСОЛ вклучува материјали и уреди кои се сертифицирани за употреба со храна, при дистрибуцијата, контролата и ракувањето со гасовите кои се употребуваат со храна.
- Технологии