Безбедност, животна средина и квалитет

Интегриран систем за управување со квалитет, безбедност и животна средина

ТГС Технички Гасови доо Скопје работи во согласност со позитивната законска регулатива на Репубилка Македонија во делот на Безбедност , заштита при работа и животна средина. Друштвото ги почитува и следи позитивните законски норми и се прилагодува кон измените на истите во доменот на своето работење. 

За секоја област на активности менаџментот има објавено одредена политика која може да се разгледа и симне од интернет страната за групацијата.

Здравје и безбедност

Заштитата на здравјето и безбедноста на човечките ресурси за нас претставува основна и суштинска вредност. Истото се базира на етичкиот поглед на работата што претставува водилка во секојдневните активности на сите претпријатија во групацијата.

Достигнувањето на "нула несреќи" е цел која секоја година си ја поставуваат сите наши оперативни единици и благодарение на посветеноста на сите работници истата скоро секогаш и ја постигнуваат. Основните начини за спречување на несреќите се анализа на причините за несреќите и преземање на мерки во насока на нивно поправање како и континуирана обука на сите работници. Ние исто така водиме грижа и за здравјето на нашите потрошувачи правејќи анализа на ризиците поврзани со сите фази од животниот век на нашите производи и услуги, од дизајн до негово фрлање , вклучувајќи производство, продажба и употреба.

Сертификација

Валидноста на Интегрираниот систем за управување кој го користи СОЛ групацијата е потврдена со верификацијата која ја прават трети субјекти и сертификатите за сообразност со ISO прописите.
Бројот на сертифицирани единици постојано се зголемува.
Добиените сертификати може да се разгледаат и симнат од интернет страната на групацијата.

Сертификација

Животна средина

Сите наши активности се во насока на нашата посветеност за одржлив развој и напорите да се достигнат највисоките стандарди за еколошка ефикасност, со што одиме чекор понапред во однос на почитувањето на законите и прописите.

Ние сме свесни дека ресурсите кои ни се на располагање се намалуваат и поради тоа се стремиме кон подобрување на енергетската ефикасност и искористувањето на ресурсите при нашите активности, а во исто време водиме сметка за влијанието на емисиите на гасови врз животната средина.

Вниманието кое го посветуваме на одржливоста на животната средина не се однесува само на производствените активности, туку исто така и на развојот на производи, апликации и услуги со кои им помогне на нашите клиенти да го подобрат своето влијание врз животната средина.