Гасови за ладење хидрофлуоркарбонати - HFC
Фреоните или хидрофлуорокарбонатите (HFC) се најзастапените гасови за ладење кои денес се користат на пазарот. Тие ги заменија хлорофлуорокарбонатите (CFC) и хидрохлорофлуорокарбонатите (HCFC) кои ја оштетуваат озонската обвивка.
СОЛ во својот каталог нуди широк спектар на фреон за различни примени, со што може да ги исполни и најспецифичните потреби на клиентите.
Најнови информации за новата регулатива на ЕУ за флуорираните гасови (Ф- гасови)
Европската регулатива 2037/2000, интегрирана со Европската регулатива 1005/2009, стапи во сила на 1 јануари 2010 година и забранува продажба на сите HCFC гасови за ладење (на пример, R-22), кои ја оштетуваат озонската обвивка. Рокот за употреба на регенерираните HCFC, беше одложен до 31 декември 2014 година.
Европската регулатива, позната како Ф-ГАС", 517/2014, стапи во сила на 9 јуни 2014 година и почна да се применува од 1 јануари 2015 година. Со неа се предвидува постепено намалување на флуорираните гасови за ладење, кои предизвикуваат ефект на стаклена градина и имаат потенцијал да предизвикаат големо глобално затоплување (GWP) во корист на поодржливи гасови.
Намалувањето беше програмирано со механизам со кој беа назначени допуштените квоти на HFC на пазарот, кои треба да се намалуваат со текот на времето, со тоа што во 2030 година тие треба да достигнат 21% од количините продадени во 2015 година.
Регулативата исто така забранува употреба на HFC системи во херметички затворени домашни и комерцијални апарати како фрижидери, замрзнувачи и мобилни системи за климатизација.
-
Од 1 јануари 2015 година за домашни апарати (фрижидери и замрзнувачи) кои користат HFC гас со GWP над 150;
-
Од 1 јануари 2020 година за фрижидери и замрзнувачи за комерцијална употреба со GWP од 2500 или повеќе;
-
Од 1 јануари 2022 година за фрижидери и замрзнувачи за комерцијална употреба со GWP од 150 или повеќе;
-
Од 1 јануари 2020 година за мобилни системи за климатизација за домашна употреба кои користат HFC гас со GWP од 150 или повеќе;
-
Од 1 јануари, 2025 година моносплит системите за климатизација кои содржат помалку од 3кг флуориран гас, кој пак содржи или чијашто работа зависи од флуориран гас со GWP еднакво или поголемо од 750.
Алтернативното решение кое СОЛ го нуди за флуорираните гасови со висока GWP (како што се R-23, Р-508, Р-507 и Р-404) за новите погони или при модернизацијата на постојните погони е природен гас за ладење или гас кој има скоро нула ефект на стаклена градина (HFO).
Употреба
ASHRAE код |
Климатизација |
Комерцијално ладење |
Индустриско ладење |
Топлински пумпи |
Разладен уред |
Транспорт со ладење |
R134a |
• |
• |
• |
|
• |
• |
R404a |
|
• |
• |
|
|
• |
R407c |
• |
|
|
• |
• |
|
R410a |
• |
|
|
• |
• |
|
R417a |
• |
|
|
|
|
|
R417b |
• |
• |
• |
|
|
• |
R507 |
|
• |
• |
|
|
|
R508a |
|
|
• |
|
|
|