Машини, додатоци и потрошен материјал за лачно заварување
SOL Welding е бренд на СОЛ посветен на развој на постројки за рачно и полуавтоматсколачно заварување и сечење со инвертер технологија, со што се гарантира подобар квалитет, енергетска ефикасност, заштита на животната средина, безбедност на вработените и намалување на производствените трошоци.
СОЛ на своите клиенти може да им понуди широк спектар на машини за електро, GTAW AC / DC, GMAW и плазма заварување.
Освен тоа, СОЛ за пазарот обезбедува добар избор на опрема и потрошен материјал како што се: горилници, електроди, обложени и необложени жици, абразивни дискови за сите материјали: јаглероден челик, нерѓосувачки челик, никел и легури на алуминиум.