Производство на метали

Постројки и контролни системи - SolMet

SOLMET согорувачките системи се на располагање за полнење на горилници со термичка енергија од неколку стотици киловати до над 3 мегавати, опфаќајќи го целиот спектар енергија кој се користи во производството на метали.

Материјалите, апаратите и уредите кои се користат и оперативната логика на системот се избрани така што гарантираат највисоки стандарди на безбедност и ефикасност (EN 746/2, 97/23/CE PED, итн.), следење и регулирање на протокот на гориво и кислород според логиката на процесот, палење на главниот горилник или горилници со пилот горилници и контрола на горилниците, па до извештаи и проверка.

Ова решение гарантира максимална флексибилност во управувањето со постројката за топење зашто следењето и контролата на работните параметри (на пример, температура на свод / када / гасови, проток на кислород и гориво) автоматски овозможуваат управување со животниот циклус на топење. Системот се испорачува монтиран на подлога за да се скрати времето потребно за монтирање на лице место, и е раководен од програмски логички контролор (PLC) кој, благодарение на инсталираниот напреден SOL софтвер, обезбедува регулирање и контрола на процесот за прецизно контролирање на моќноста на горилникот. Дисплеј, врз основа на карактеристиките на постројката, ги прикажува сите главни параметри на процесот, а исто така, ја покажува и оперативната или алармантна позиција на различните компоненти на постројката.

Кога ќе се забележат грешки кои се значајни во однос на безбедноста, како што е дефинирано од страна на националните и меѓународните прописи, постројката автоматски се поместува во безбедна позиција, затворајќи ги вентилите за проток на согорлив агенс и гориво.

СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на