Сопствено производство на кислород - OxySOL
Искуството на СОЛ со технологии за производство и користење на кислород овозможува Групацијата да им нуди на своите клиенти оптимални и економични решенија за снабдување со гас за нивните производствени процеси, вклучувајќи и расположливост на гасот во компримирана или течна форма или преку производствени системи инсталирани директно во просториите на клиентите.
Сигурноста на системите за сопствено производство на СОЛ се базира на употребата на високо квалитетни и долготрајни компоненти, на своето обемно производство и примена на знаење и вештини во прилог на своето 30-годишно искуство во управување со овие системи.
Поконкретно, во секторот за заштита на животната средина, каде што стандардите за безбедност и квалификација на произведениот гас се од суштинско значење за да се гарантира правилно функционирање на системот, СОЛ нуди системи за сопствено производство посебно проектирани, изработени и сертифицирани за овој сектор, со постројки опремени со континуирана контрола на квалитетот на производството во согласност со барањата на клиентите.
Постројките од OxySOL серијата користат PSA, VPSA и VSA технологии врз основа на барањата на клиентите и се монтираат на подлога за да се скрати работата околу инсталирањето;нивниот капацитет на производство може да се прилагоди на разни услови на пазарот, со производствена чистота која може да достигне содржина на кислород од 93-95% и опсег на капацитет кој може да надмине 1500м³ на час по модул.
Гасови
Сектори на употреба
- Производство на уметничко стакло
- Производство на стакло
- Секундарно производство на алуминиум (рециклирање)
- Производство на челик (од отпадно железо – електролачна печка)
- Производство на леано железо
- Работа со благородни метали
- Производство на обоени метали (бакар, олово, злато, бронза)
- Производство на огноотпорни производи, мермер
- Производство на стаклени садови и влакна
- Производство на вар
- Кован челик
- Производство на челик (од сирово железо – висока печка)
- Производство на цемент