Електролачно заварување - Enermix
Електролачните технологии наведени подолу, нашироко се користат на пазарот за обработка на метал:
-
заварување со обложена електрода (SMAW)
-
електролачно заварување со нетоплива електрода (GTAW)
-
заварување под заштита на гас / заварување под заштита на прашок (GMAW/FCAW)
-
електролачно заварување под згура (SAW)
-
плазма електролачно заварување (PAW)
СОЛ им нуди на своите клиенти иновативни и високо квалитетни производи и услуги кои можат да ги задоволат и најсложените барања на пазарот, со особен акцент на заварувачките смеси Enermix кои вклучуваат голем број гасови и смеси за сите примени на електролачно заварување и сечење, поделени во Комфорт и Премиум линии.
Линијата Комфорт ги вклучува традиционалните гасови и смеси кои најчесто се користат од страна на клиентите, додека пак линијата Премиум вклучува повеќе иновативни гасови и смеси со кои се гарантира повисок квалитет и поголема продуктивност на процесите.