Пакување во заштитна атмосфера - АЛИСОЛ
АлиСОЛ е специфична серија на технологии, производи и услуги создадени од страна на СОЛ која нуди целосен одговор на различните потреби на компаниите кои користат гасови за пакување на храната.
Технологијата на пакување во заштитна атмосфера со користење на АлиСОЛ е технологија со која е возможно за време на пакувањето на храната на едноставен начин да се измени составот на гасови во пакувањата, на пример со зголемување на азот кој претставува инертен гас и јаглерод диоксид кој е бактериостатски гас, со цел да се ограничи брзината на природното распаѓање на храната кое се случува поради присуството на кислород.
Гасовите кои се користат во АлиСОЛ се сертифицирани како адитиви во храната и се природно присутни во воздухот кој го дишеме: со менување на процентот на овие гасови во пакувањата тие се користат за да се зголеми рокот на траење. Најмногу се употребуваат азот и јаглерод диоксид, додека пак кислород се користи за пакување на црвеното месо и некои видови риба: кислород, јаглерод диоксид и аргон може да се користат за подобрување на чувањето на спакуваната храна: еден од главните услови на прехранбената индустрија отсекогаш биле барањата на потрошувачите прехранбените производи да се конзервираат со природни технологии и АлиСОЛ претставува делотворен и ефикасен одговор на тоа.
Пакувањето во заштитна атмосфера со АлиСОЛ овозможува:
- продолжување на рокот на траење на свежата храна, дури и негово двојно зголемување во однос на пакувањето со воздух;
- намалување или избегнување на употребата на хемиски адитиви кои се користат за намалување на природното распаѓање на производот;
- избегнување на смачкувањето кое се прави со вакумираните амбалажи и зачувување на природниот изглед на пакуваните прехранбени производи;
- зголемување на ефикасноста во производството и при дистрибуцијата на прехранбените производи.