Испирање, држење под притисок и дегасирање
При испирањето се користи течност со која се отстрануваат различните видови на супстанции или загадувачи од цевки, апарати или делови од постројки и станици. СОЛ наместо течност нуди употреба на главните технички инертни и тоа азот, аргон и во некои случаи јаглерод диоксид: која технологија на испирање треба да се применува, типот на гас, притисокот, оперативниот тек и начинот на кој гасот се дистрибуира во постројката, СОЛ ги предлага согласно специфичните потреби на секој клиент, врз основа на знаењето и искуството кое го има здобиено со текот на годините.
Држењето под притисок е техника со која се гарантира дека внатрешниот притисок е поголем од оној на околината со цел да се осигура дека флуидите (како на пример воздухот) од околината нема да влезат, односно за да се овозможи да се поместат присутните супстанции со користење на притисок. За оваа технологија се користат азот, аргон, а во одредени случаи и јаглеродниот диоксид со што се гарантира безбедноста на работата и отсуство на атмосферски кислород кој може да предизвика расипување на неколку карактеристични производи од хемиската и фармацевтската индустрија како резултат на оксидацијата.
Дегасирање се користи за преминување на лесно испарливи или помалку растворливи состојки од течна во гасовита состојба со што се отстрануваат несаканите состојки од одредени производи, при што повторно може да се употреби течноста: на пример кислородот може да се отстрани од одредена течност на тој начин што ќе се внесе инертен гас како на пример азот или аргон со технологијата и опремата на СОЛ така што ќе се избегне оксидација.