Технологии и услуги за здравствениот сектор
Технички услуги
Благодарение на своето историско присуство во медицинскиот технолошки сектор, СОЛ е првата компанија во Италија која во 1998 година има добиено сертификат којшто денес се однесува на UNI EN ISO 13485: 2004, за проектирање, изградба и техничко управување со постројки за централизирана дистрибуција на медицински гасови и за медицински уреди.
Високо квалификуваниот персонал постојано се доусовршува со цел стекнување највисок професионализам и максимална сигурност во водењето на постројките за медицински уреди и електромедицински апарати, со поддршка на структура за справување со повици за итна интервенција.
Со текот на годините, присуство на СОЛ во болниците е проширено до раководството на инфраструктурите за конзервација, обработка и употреба на биолошки примероци, до контрола на хигиената во собите, површините, воздухот и водата.