Безбеден воздух (SafeAir)
Работата во затворени средини подложни на ризици од изменета атмосфера бара постојано следење на количеството кислород во амбиенталната средина и,генерално, на потенцијалните загадувачи.
Концентрацијата на кислород во животната средина под дозволените граници за безбедност (на пример, поради дисперзија на испарување на течен азот) може да има значителни ризици по здравјето.
Од таа причина, СОЛ има развиено услуга на периодична проверка на сите сензори, за секаков вид средина која бара континуиран мониторинг поради ризикот од појава на изменета и задушувачка атмосфера. Од овие сензори може да зависи активирањето на акустични и визуелни аларми, постројка за дополнителна и итна вентилација и екстракција за ефикасно и брзо да се воспостави атмосфера која е безбедна за здравјето.
SafeAir го проверува и гарантира совршеното функционирање на сензорите, советувајќи ги техничката служба и менаџерот за безбедност на болницата за било каква корективна мерка која е потребна.