Инјектирање на О2
Употребата на инјектирање на О2 е технологија која нашироко се користи за оптимизација на процесот на согорување.
Во производството на челик, инјектирањето на О2 се користи за претворање стопено сирово железо богато со јаглерод во челик, со цел да се намали содржината на легиран јаглерод конвертирајќи го во челик со ниска содржина на јаглерод.
Оваа операција се врши со водно изладени цевки кои можат со голема брзина да внесат кислород во конверторите.
При производство на леано железо во куполни печки кислородот се внесува со голема брзина преку цевки во млазниците за воздух. Големата брзина на протокот на кислород, како и должината и соодветниот наклон на цевката во однос на млазницата служат кислородот да стигне до средината на огноотпорниот сад, што овозможува да се постигне дополнително зголемување на температурата на топење во споредба со традиционалната технологија за збогатување, што резултира со квалитативно подобрување на производите и заштеда на кокс.
Постигнувањето највисока температура во центарот на садот, исто така, значително го намалува абењето на огноотпорниот материјал, со што се овозможува подолготрајно и поекономично производство.
За секундарното производство на алуминиум, СОЛ го нуди инјектирањето за поврат на енергијата која произведува топлина и потрошеното гориво при испарувањето и директно да го искористи во други видови печки за процесот на топење.
Ова го овозможува користењето остатоци со слаб квалитет (на пример, кои содржат пластика, масло, боја, итн.), да се подобри контролата на емисиите и да се намали потрошувачката на гориво благодарение на зголемената ефикасност на согорување.