Хемиска и фармацевтска индустрија

Ладење

При ладењето и контролата на температурата во производството се јавува потреба од голем термички капацитет за многу кратко време: технологијата за брзо и контролирано ладење со употреба на течен азот на многу ниски температури става на располагање флексибилна и неверојатно брза технологија со која се гарантира ефективна и строга контрола на целиот процес.

Употребата на течен азот не само што е неопходна при контролата на процесите каде се користат многу ниски температури (<-100 ° C), ова истовремено овозможува избегнување на големи инвестиции - и потрошувачка на електрична енергија - кои се јавуваат како резултат на ладење во групи, особено кога производство, каде е потребно контрола на температурата, не е постојано, туку сериско.

Со искуството во овој сектор, СОЛ ги обезбедува сите апарати и кадар потребни за користење на течен азот со максимална ефикасност и сигурност: благодарение на континуираното истражување на делотворни и ефикасни технологии и соработката со високо квалификувани оператори, СОЛ може да понуди поддршка на своите клиенти со прилагодени решенија и со најнапредните апликации за контрола кои ги има на пазарот.

СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на