Хемиска и фармацевтска индустрија

Криогенско чистење

DryBlast претставува комплетен спектар на технологии, производи и услуги на СОЛ за чистење површини со сув мраз: тоа е едноставен, еколошки, неабразивен и економичен систем. Се базира на употребата на високо-брзински млаз од ситни цилиндри цврст јаглерод диоксид (сув мраз) и компримиран воздух. Цилиндрите, исто така познати како пелети„сув мраз“, обично имаат дијаметар од околу 3мм и температура од околу -78°C. Имаат својство на многу брза сублимација (преминување од цврста во гасовита состојба), исчезнување директно во атмосферата без да останат остатоци и отстранување на слојот нечистотија од површината која се третира.

Пелетите навлегуваат во слојот кој треба да се отстрани, и во исто време почнуваат да сублимираат, претворајќи се во гас кој врши притисок меѓу слојот кој треба да се отстрани и површината под него, дејство овозможено од ниската температура на пелетите што прави нечистотијата да стане кревка.

Во суштина, слојот нечистотија се отстранува со раздвојување, за разлика од традиционалното пескарење кога нечистотијата се отстранува со серија абразивни постапки кои може да ги оштетат површините кои се третираат.

Покрај тоа, во споредба со употребата на растворувачи и хемиски производи, технологијата DryBlast не остава остатоци од потенцијално опасни производи на површината на опремата и постројката кои на тој начин остануваат значително непроменети и по стотици третирања.

СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на