Испитување на пропустливост
Гаранцијата на безбедноста кај нафтено-хемиските постројки, нивната проверка и интервенциите кои се вршат кај процесот и цевоводите, сето тоа е од суштинско значење за овој сектор: примарната цел на тестирањата за протекувања на СОЛ кои се вршат со азот и хелиум е да се открие доколку има одредени протекувања со кои се зголемува влијанието на постројката врз животната средина и се намалува ефикасноста на производствениот процес; следењето и ефикасното и брзо елиминирање на протекувањата овозможуваат зголемување на безбедноста во производството, посебно кога станува збор за транспорт на течни или гасовити производи, особено доколку тие се токсични, опасни или запаливи. Освен ова напредните технологии кои се користат кај постројките и цевоводите, како и нивната комплексност, наметнуваат построги и поригорозни стандарди за безбедност: тестирањата за протекувања кои се вршат со мешавина од азот и хелиум даваат многу подобри резултати во однос на класичните системи при пронаоѓањето на големи и мали протекувања, и пред се со овој метод може да се утврди нивната големина. После внимателна анализа на податоците може безбедно да се пристапи кон спроведување на најдобрите корективни и превентивни мерки.
Тестирањата за протекувања обично се прават после одржувањето и пред сушењето; тоа се прави на тој начин што постројката се става под мал притисок со мешавина од гасови која ја обезбедува СОЛ, азот и мал процент на хелиум. Хелиумот е лесен за детектирање на протекувања кои се јавуваат кај споеви, заварени места, вентили или на други места каде има потенцијална опасност од протекувања. Со техничките и технолошки услуги кои СОЛ ги нуди, во соработка со клиентите, се оценува сериозноста на протекувањата со што на клиентите им се даваат потребните информации за тие да можат да одлучат каква активност треба да преземат.