Испирање (Пигинг)
Чистењето и доколку е потребно и анализата на дефекти на јаглеводородните цевоводи може ефикасно да се направи со користење на посебен уред наречен ,,прасе,, кој се вметнува и турка по цевката со помош на контролиран проток на флуид како што е азотот, кој во споредба со другите како водата, воздухот и хемикалиите има висока хемиска инерција, многу мала содржина на вода која се јавува како остаток, како и многу мала интеракција со материите присутни во цевоводите. Преку посебни постројки за вметнување и поврат, азотот кој е со висока чистина и со многу ниска точка на росење, за да може да создаде безводна средина, се пумпа под висок притисок со што уредот се движи по должината на цевоводот дури и доколку има кривини или наклони. Со употребата на азотот, уредот може да изврши неколку основни работи како што се испирање на цевковод со гасовит азот, со што истиот се остава во инертна, безводна состојба и под притисок и ги истиснува сите флуиди кон испусниот дел, со што истиот цевовод може да се користи за различни производи, чистејќи ја внатрешната површина од остатоци од течности или цврсти материи кои минуваат низ цевката.
Оваа техника може да се прилагоди за различни видови на линии и може да се користи во текот на различните оперативни фази на цевоводот, од пуштање во употреба, до редовно и вонредно одржување.
Со своето искуство во овој сектор, СОЛ ја обезбедува севкупната опрема и потребен персонал за испирање со максимална ефикасност и во безбедни услови: благодарение на континуираното истражување на ефективните и ефикасни технологии и соработката со високо квалификувани оператори, СОЛ ги подржува своите клиенти со индивидуални решенија и ги обезбедува најнапредните апликации за испирање кои се достапни на пазарот.