Tретман на индустриска и отпадна вода - Ecojet
СОЛ нуди производи, технологии и услуги за третирање индустриска вода и прочистување отпадни води кои добро функционираат и се тестирани преку долгогодишното искуство стекнато во овој сектор. На пример, третирањето отпадни води бара големо внимание и стручно работење со постројките и процесите поради природата на растворените компоненти кои понекогаш се концентрирани и не е лесно да се разложат.
СОЛ нуди решенија кои целосно ги опфаќаат барањата на клиентите, од обезбедување постројки за зголемување на капацитетот за прочистување на биолошкиот оддел до контрола на pH, употребата на озон како агенс против таложење, и решенија за отстранување на вишокот амонијак или намалување на сулфурните соединенија, боја, мирис или сурфактанти.
СОЛ е постојано вклучен во истражување и развој на примената на технолошки третмани за отпадни води: главните решенија понудени од СОЛ се следните:
- зголемување на капацитетот за прочистување на биолошкиот оддел со патентирана постројка
- оксидација на сулфиди
- намалување на амонијак, процесот NAD
- отстранување ѓубре, мириси и аеросоли
- намалување на органски микро-загадувачи
- отстранување на сурфуктанти и бои
- стабилизација на вишокот
- третман на подземните води
- третман против таложење и третман за дезинфекција на индустриска вода
Решенијата кои ги обезбедува СОЛ се целосно прилагодливи на специфичните потреби на клиентите. СОЛ го следи проектот уште од првите фази па се до производството, пуштање во употреба, редовно и вонредно одржување, користејќи стручен и високо квалификуван персонал.