Лемење метал
Лемењето е процес на спојување метал при што се користи легура за исполна, со загревање на температура пониска од точката на топење.
Основен параметар во процесот е навлажнувањето, што се постигнува употребувајќи гасни атмосфери како редуцирачки агенси врз база на водород со контролирана содржина вода.
СОЛ обезбедува азот и водород, постројки за чување, дистрибуција и мешање, апликативен инженеринг и специјалистичка поддршка во зависност од материјалите за лемење и процесите кои се користат.
Понудената поддршка започнува од дефинирањето на карактеристиките на најдобрата мешавина со редуцирачки гас потребна за конкретниот процес на клиентот (состав, притисок, проток и вид на гас), контрола на атмосферата (водородна анализа, точка на роса, остаток на кислород), како и хемиска и металуршка анализа. Ги обезбедува сите информации потребни за ефикасно и ефективно лемење, оптимизирање на трошоците и почитување на важечките прописи.