Карбуризирачка термичка обработка
Карбуризацијата е формирање карбиди на површината на челик по апсорпцијата на присутен јаглерод во атмосферата на печката. Целта на овие третмани е зголемување на цврстината на површината, па така и отпорноста на напрегање и абење.
Смесите кои најчесто се користат во индустриското производство на јаглерод се базираат на јаглерод моноксид, како што се ендотермичките смеси, или се користи азот и метил алкохол, или ацетилен за низок притисок. СОЛ ги следи клиентите во примената на различни смеси, поддржувајќи ги во сите фази на процесот, преку:
-
обезбедување на сите технички гасови, на пример, азот потребен за процесот (којшто може да се меша со метил алкохол) или ацетилен за вакуумски печки;
-
генератори за производство на ендотермни мешавини на лице место со SOLMIX®технологија на контролиран јаглероден потенцијал;
- постројка за чување, дистрибуција, мешање и инјектирање на мешавините во печката (на пример, разводници за метил алкохол);
- системи за анализа на потенцијалот на јаглерод и контрола на атмосферата;
- хемиска анализа и металографски услуги.