Површинско замрзнување и IQF замрзнување - КриоСОЛ
Апаратурата која КриоСОЛ ја нуди е идеална за површинско замрзнување, стврднување и производство на замрзната храна со техниката IQF (индивидуално брзо замрзнување).
Со внимателно регулирање на работењето на патентираните тунели на СОЛ или користењето на криогените тунели и комори се постигнува површинско замрзнување на прехранбените производи со кои потоа полесно може да се ракува при нивната подоцнежна обработка.
Со површинското замрзнување со КриоСОЛ се избегнува промената на формата и степенот на влага во споредба со производите кои се замрзнати со традиционалните системи; со ова исто така се олеснува ставањето на сосови и слично со што се врши нивно истовремено замрзнување, исто така со овој начин може да се зголеми производството на традиционалните постројки за замрзнување за сериско производство и дисконтинуирани нарачки.
Со IQF технологија поединечно може да се замрзнат хетерогени производи со мали димензии со тоа што замрзнатите производи се одделни, така што може да се добијат хомогени и производи кои може да се дозираат, течностите може да се замрзнат во коцки или гранули, а може да се мрзнат и цврсти производи врз кои има течност.