Пиролиза и гасификација
Пиролиза е термичка обработка во отсуство на кислород со кој јаглеводородите се претвораат во гасовита (синтетички гас) и течна состојба (катран): во овие услови, гасовитата состојба има голема калорична моќ и поради тоа може да се користи како гориво, што овозможува значаен поврат на енергија.
Во постројките за гасификација се врши делумна оксидација на јаглеводородите во стехиометриска атмосфера за да се добие гасовита состојба од производи кои се типични за овој процес како што се јаглероден моноксид и водород. Во овој случај, реакцијата се добива со делумно согорување на јаглеводородите во присуство на кислород.
Технологиите кои ги користи СОЛ со употребата на инертен гас како азотот, кој се користи како енергетски вектор за пиролизата, и чистиот кислород, кој се користи кај гасификацијата, овозможуваат прецизна контрола на процесите и ефикасна работа на постројката.