Пакување во инертна и стерилна атмосфера
СОЛ нуди голем број на технологии, производи и услуги како одговор на различните барања на фармацевтската и хемиската индустрија каде се користи гас при пакувањето на готовите производи.
Главниот гас кој се користи е азот, обезбеден од страна на СОЛ, кој е со фармацевтски сертификат за да се потврди трајниот квалитет и безбедност на пакуваниот производ. Складирањето, дистрибуцијата, регулацијата и контролата на гасот во постројките кои се опремени, дизајнирани и произведени за специфичните потреби на секторот, посебно во однос на стерилноста кај фармацевтското производство, повремено може да се контролира или одржува од страна на специјализиран персонал со што ќе се обезбеди долгорочна работа и безбедност.