Нафта и гас

Инертизација и прекривање - EOR

Технологијата, производите и услугите за инертизација кои СОЛ ги нуди се основани на многугодишното искуство во контрола на вбризгувањето на инертен гас во постројката или нејзини делови со цел да се добие потребната концентрација, посебно во однос на остатоците кои се јавуваат од еден или повеќе видови на хемикалии.

Постапка која е концептуално слична на инертизацијата е прекривање (blanketing): таа се разликува од инертизацијата бидејќи кај прекривањето обично е потребен мал и постојан проток на инертен гас под притисок. Кога постројката или делот од неа кој се третира содржи производи во течна или цврста состојба каде што се додава инертен гас тогаш станува збор за прекривање, додека пак инертизацијата обично се врши откако ќе се извлечат сите течни, тврди или гасовити производи кои се присутни.

Инертизацијата, врз основа на карактеристиките на постројката и оперативните можности, може да се врши со континуиран или дисконтинуиран проток на инертен гас: со технологијата ИнерСОЛ, може да се изврши оптимизација на времетраењето и потрошувачката на азот при ист обем на инертизација и иста количина на инертен гас согласно барањата на клиентите. При континуирани производствени процеси, откако ќе се изврши првичната инертизација, притисокот на инертниот гас во системот мора постојано да се одржува со користење на специјални системи за контрола и апарати со кои гасот се истиснува при полнење на резервоарот и се вбризгува при празнење.

Азотот претставува најкористен инертен гас поради неговите специфични карактеристики:

  • висока хемиска инертност
  • ниска електрична и топлотна спроводливост
  • многу ниска температура на кондензација

За оваа функција може да се користат и благородните гасови, особено аргонот, кој има поголема хемиска инерција дури и при високи температури.

СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на