Нафта и гас

Напредна постапка на оксидација (Advanced Oxidation Processes – AOP) - AOP

Оксидационите својства на озонот кои го стимулираат биолошкото чистење на кислородот и имаат голема моќ на ладење, заедно со хемиската инерција на течниот азот се основата на современите технологии за обновување на животната средина кои СОЛ ги нуди за контрола на емисиите и обновување на контаминираните области.

При третманот на подземните води, а особено при технологијата на испумпување и третман, употребата на озонот произведен од чист кислород овозможува оксидација на неколку хемикалии во водата, причинители на загадувањето, како што се феноли, јаглеводородни соединенија и материи кои не се биоразградливи.

Кај биолошките третмани, употребата на чист кислород или воздух збогатен со чист кислород може значително да ја забрза биолошката оксидација, со што се скратува времето потребно за обновување на проблематичниот дел кој се третира.

Подземните води кои содржат одредени видови на загадувачи, особено хемикалии (како на пример хлоридни солвенти) може да бидат третирани со воздух за да се намали концентрацијата на овие загадувачи во водата, префрлајќи ги во воздухот кој потоа се третира со течен азот за да се кондензира загадувачката супстанца и потоа полесно да може да се отстрани во специјализирани пречистителни станици.

Со употребата на технологиите кои ги нуди СОЛ се овозможува ефикасен третман на емисиите како и обновување на третираните локации, но истовремено нуди и флексибилност при изборот на време и оперативните методи за управување со активностите и постигнување на истите резултати со подобра контрола и намалување на времетраењето на третманот.

Гасови

Сектори на употреба

СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на