Клаус постапка
Сулфидните соединенија присутни во јаглеводородите се отстрануваат со рафинирање на производот со постапка на хидро-десулфуризација: главниот производ од овие процеси е водороден сулфид - H2S - кој подоцна се третира за добивање на елементарниот сулфур со Клаус постапката. Механизмот на рекција на овој процес започнува со оксидација на H2S во контролирани услови за да се произведе јаглерод диоксид користејќи атмосферски кислород: со цел да се намали волуменот на гасот, да се добијат повисоки температури на согорување и да се зголеми производствениот капацитет на постојната постројка, потребниот воздух може да се измеша со чист кислород. Благодарение на искуството кое го има, СОЛ на своите клиенти им нуди производи, услуги и модерни и ефикасни технологии со кои на флексибилен и ефикасен начин се обезбедуваат потребите од кислород кај различните технологии кои се базираат на Клаус постапката, кај кои може да се користи високо или намалено ниво на збогатување со кислород и каде што е потребна употреба на специјални горилници за кислород во печката.