Чистење и одржување на складишниот простор
Доброто одржување на складишниот простор на нафтено-хемиските производи и обезбедувањето на нивниот работен век се важни фактори кои овозможуваат целосно искористување на просторот кој е на располагање: СОЛ ги нуди своите услуги за чистење и одржување на овие резервоари врз основа на модерни технологии од типот на чистење од сирова нафта (Crude Oil Washing - COW) со кои може да се поврати волуменот на складишниот простор и да се искористи талогот кој останува повторно во производствениот процес нпр.. COW е технолошко решение кое нуди две главни и основни предности: персоналот работи во безбедни услови надвор од резервоарот, без потреба да влегува се до конечната инспекција (за разлика од класичните методи каде персоналот работи со респиратори внатре во резервоарот) и јаглеводородната фракција од талогот скоро целосно се повраќа, најчесто над 95%. Во текот на работата се одржува инертна атмосфера во внатрешноста на резервоарот со употреба на гасовит азот: со ова значително се зголемува безбедноста на системот.
Најголемите предности на ова напредно решение кое СОЛ им го нуди на своите клиенти се:
- автоматска постапка без потреба персоналот да влегува во резервоарот;
- скоро целосен поврат на јаглеводородната фракција;
- инертна атмосфера благодарение на употребата на азотот на СОЛ со што се овозможуваат безбедни услови;
-
ограничено времетраење на интервенцијата.