Контролирани атмосфери со јаглероден потенцијал - SolMix®
SOLMIX® е брендот на технологија патентирана од СОЛ за директно производство во просториите на клиентите на гасна машавина составена од инертни елементи (азот), редуцирачки (водород) и некарбуризирачки (јаглерод диоксид).Нејзината главна примена е во термичката обработка на метали, особено во карбуризација, карбонитрација и калење. SOLMIX® им овозможува на клиентите да ги контролираат своите третмани со избирање на јаглеродниот потенцијал: системот е флексибилен и автоматски може да се справи со сите варијабли кои влијаат врз процесот, како што се односот помеѓу реактантите, температурата и работниот притисок, системот за катализација и слични хемиски реакции.
Благодарение на значителната флексибилност во смисла на капацитетот за производство во однос на непосредните потреби од печки за обработка, како и прецизна и сертифицирана контрола на квалитетот на произведената смеса, SOLMIX е технологија која овозможува намалување на трошоците, потрошувачката на метан и енергија, а има и мало влијание врз животната средина.
Главните предности на SOLMIX® технологијата се:
- Контрола и управување со јаглеродниот потенцијал на произведената мешавина која може да се измени врз основа на специфичниот третман, намалувајќи ја корективната мерка која се бара од клиентот за печката за обработка преку збогатување со метан или воздух.
- Контрола и управување на варијаблите кои го регулираат процесот, вклучувајќи ги температурата, реакцискиот притисокот и составот на реактивната мешавина, намалено одржување и подобри перформанси на постројката со тек на времето.
- Голема флексибилност во производството на мешавина која овозможува производство само на количеството гас ефективно потребно за печките.
- Прецизна и континуирана контрола на составот на крајната мешавина преку анализа на количината јаглерод моноксид (CO) и преостанатото количество јаглерод диоксид (СО2) и метан (CH4) со автоматска регулација на параметрите за реакција.