Третман на вода - Озон
Озонот е гас кој е моќен оксидант и се произведува од кислород со користење на електрична енергија. Тој е нестабилна молекула која спонтано се распаѓа при што повторно се формира кислород (полуживот на 20°C: околу 30 минути), поради што не може да се складира и мора да се произведува директно на местото каде што се користи.
Употребата на озонот произведен во фабриките на СОЛ и внесен во водата со Ecojet® технологијата гарантира ефикасно и конкурентно решение за дезинфекција на процесираната вода, особено при рециклирање, без производство на било какви потенцијално штетни нус-производи и без да ја зголеми соленоста на водата.
При третманот на отпадните води, озонот на СОЛ овозможува дезинфекција, елиминација на остатоци од бои, намалување на количеството на сурфактанти, феноли или други хемикалии кои тешко се отстрануваат без притоа да се создаде талог кој дополнително треба да се отстрани, всушност тие ја зголемуваат биоразградливоста на водата, благодарение на кислородот кој се раствора заедно со озонот.
Најсовремените технологии за производство на озон овозможуваат различни степени на претворање на чистиот кислород кој се користи како суровина од над 16% и ефикасност на користење од скоро 100%: производството на озон од чист кислород значително ги намалува инвестициските трошоци и потрошувачката на електрична енергија на системот за производство на озон во споредба со системите кои користат воздух. Специфичните карактеристики на кислородот кој го нуди СОЛ го продолжуваат векот на траење на постројката или станицата благодарение на многу ниската количина на влага која доколку ја има во неконтролирани количини, на пример при користење на компримиран воздух, може да доведе до чести дефекти.
Со технологијата Ecojet® кислородот кој се испушта во станицата откако озонот ќе се раствори и искористи повторно може да се употреби во пречистителната станица: со ова се овозможуваат дополнителни заштеди и зголемување на целокупната ефикасност на третманот.