Третман на отпадни води - Ecojet®
Компаниите кои користат пречистителни станици за отпадни води, било да се со активен талог или хемиски / физички, можат да ги користат технологиите, производите и услугите кои ги нуди СОЛ во својата Ecojet® програма со што се оптимизира и зголемува флексибилноста на работењето на овие постројки, кај кои често се појавуваат проблеми за кои СОЛ веќе има решенија благодарејќи на своето искуство и знаење.
Ecojet®, еден од патентите на СОЛ групацијата, претставува една од најнапредните единици за пренос на гас во течност достапни на пазарот и благодарение на континуираното подобрување во текот на годините како и извршените студии, тој е дизајниран и произведен така што гарантира највисок пренос на гас со што се намалуваат трошоците, се избегнува губење на гас и се ограничува потрошувачката на електрична енергија.
При процесот со активен талог, бактериите користат кислород за отстранување на загадувачите: користењето на чист кислород, наместо или како додаток на воздухот, кој се испумпува во водата со помош на Ecojet® го прави кислород да биде на располагање на бактериите, дури и при сериско производство и при променлива количина на загадувачи, со што се овозможува подобрување на работата на станицата.
При третирањето на водата во хемиски/физички станици, со употребата на јаглерод диоксид за контрола и намалување на pH вредноста се добиваат ситни парчиња од калциум карбонат со оптимални димензии за прочистување и таложење.