Производство на вино и масла
Избегнувањето на контактот помеѓу маслото и виното и воздухот, посебно кислородот кој го содржи, нуди големи предности во одржувањето на квалитетот на оригиналниот производ (види го и делот за АлиСОЛ). Конкретно, кога станува збор за производство на масло и вино, со употребата на азот или аргон, прехранбените адитиви кои ги нуди СОЛ, како и технологиите и специфичната опрема која ја обезбедува за клиентите, се овозможува ефикасно отстранување на кислородот кој се наоѓа во горниот дел на резервоарите или шишињата, како и отстранување на кислородот кој се содржи во производот.
Благодарение на оваа технологија на СОЛ може да се избегне оксидација на производот, задржување на неговиот квалитет и вкус и зголемување на рокот на траење.
За добро функционирање на оваа апликација, потребно е да се провери дека количината на инертен гас во контакт со прехранбените производи е постојана, што се утврдува преку анализата и контрола кои СОЛ како услуги може да ги обезбеди.