Ладење на тесто со CO2
При подготовката на тесто, кинетичката енергија се претвора во топлина поради триењето помеѓу механичките состојки кои се во релативно движење поради што се јавува зголемување на температурата и како резултат на тоа може да настанат несакани промени во карактеристиките на финалниот прехранбен производ.
СОЛ обезбедува широк спектар на решенија за контрола на температурата на тестото за време на неговото месење со користење на CO2.
Во зависност од многу фактори: видот на месење и миксерот кој се користи, карактеристиките на состојките од тестото, времетраењето на месењето, зголемувањето на температурата на тестото може да достигне вредности кои ќе предизвикаат несакани промени во карактеристиките на финалниот производ. Со овие промени често настанува влошување на квалитетот на производот или зголемување на трошоците за негова понатамошна обработка.
При терморегулацијата на тестото, јаглерод диоксидот (прехранбен адитив E290) се става директно во контакт со храната и состојките присутни во миксерот и тоа во цврста форма како сув мраз или течен CO2 кој се користи со посебна опрема, дизајнирана и произведена од страна на СОЛ, која се поставува на ножевите или миксерот. Исто така, СОЛ нуди систем за контрола на температурата и автоматско вбризгување на течен CO2.
Технологијата на СОЛ за ладење на тесто се користи во прехранбената индустрија при производството на пекарски и други прехранбени производи, каде што производствениот процес опфаќа производство на мешавини од неколку состојки, истата ги задоволува најстрогите услови за безбедност на храната кои произлегуваат од анализата на HACCP на компаниите од овој сектор.