Последователно согорување
Комората за последователно согорување кај погоните за производство на енергија од отпад заедно со печката се поврзани со примарната комора за согорување каде се врши согорување на гасовите согласно важечката регулатива. Основните елементи за нејзино правилно функционирање се одржувањето на температурата и соодветното количество на кислород.
Употребата на чистиот кислород со искуството кое СОЛ го има во производството, дистрибуцијата и ефективното и ефикасно користење на овој гас овозможуваат правилно функционирање на последователното согорување, со што се гарантира безбедно користење на гасот во согласност со специфичните потреби на клиентите: ова овозможува континуирано работење на погоните и намалување на трошоците за користење на помошни горилници.