Енергија и животна средина

Oxypower

При третирањето на цврстиот или течниот отпад, употребата на чист кислород наместо или заедно со воздухот за согорување може да помогне да се решат неколку проблеми кај погоните за производство на енергија од отпад: на пример, ограничената продуктивност која главно се должи на староста на погонот може да биде надмината. Зголемувањето на капацитет на обработка на погонот може да го направи попрофитабилен (типичен пример за ова е посебниот и болничкиот отпад) и да го реши проблемот на натрупување на големи количини на отпад, што резултира со проблеми при неговата испорака и ракување.

Третманот на отпадот кој е со различен состав или кај кого има големи сезонски варијации може да создаде сериозни проблеми во одржување на температурата на одредена вредност, на пример кога погонот ќе добие многу влажен отпад кој има тенденција да го "гасне" пламенот. Со користењето на чист кислород согорувањето може да се одржува на одредена температура дури со отпад која постојано го менува составот со што се избегнува употребата на помошни горилници кои трошат гориво (метан, GPL, дизел) и ги зголемуваат трошоците.

СОЛ нуди производи, услуги и технологии врз основа на своето долгогодишно искуство во производството, дистрибуцијата и користењето на чист кислород со што се овозможува негова безбедна употреба во согласност со специфичните потреби на клиентите.

СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на