Напредна постапка на оксидација (Advanced Oxidation Processes – AOP)
Својства на оксидација на озонот кои го стимулираат биолошкото чистење на чистиот кислород и имаат голема моќ на ладење, заедно со хемиската инерција на течниот азот се основата на современите технологии за обновување на животната средина кои СОЛ ги нуди за контрола на емисиите и обновување на контаминираните области.
При третманот на подземните води, а особено при технологијата на испумпување и третман, употребата на озонот произведен од чист кислород овозможува оксидација на неколку хемикалии кои се наоѓаат во загадената вода како што се феноли, јаглеводородни соединенија и материи кои не се биоразградливи.
Кај биолошките третмани, употребата на чист кислород или воздух збогатен со чист кислород може значително да ја забрза биолошката оксидација, со што се скратува времето потребно за обновување на областа.
Подземните води кои содржат одредени видови на загадувачки супстанции, особено хемикалии (како на пример хлориди) може да бидат третирани со воздух за да се намали концентрацијата на овие загадувачи во водата, префрлајќи ги во воздухот кој потоа се третира со течен азот за да се кондензира загадувачката супстанца и потоа полесно да може да се отстрани во специјализирани пречистителни станици.
Со употребата на технологиите кои ги нуди СОЛ се овозможува ефикасен третман на емисиите како и обновување на третираните локации, но истовремено нуди и флексибилност при изборот на време и оперативните методи за управување со активностите и постигнување на истите резултати со подобра контрола и намалување на времетраењето на третманот.