Збогатување со кислород на ферментите
Кај многу процеси во фармацевтската и биотехнолошката индустрии потребно е снабдување со кислород во апаратурата во која се врши одредениот процес: обично кај аеробната ферментација, каде внесените микроорганизми кои се активираат со соодветно третиран и стерилизиран воздух за се обезбеди потребниот кислород за продолжување на реакцијата.
Потрошувачката на кислород варира во текот на процесот и достигнува максимум кога максималната густина на микробите, компатибилна со работните услови и присуството на азот, ја ограничува количината на кислород што може да се пренесе и максималното количество на присутни микроорганизми, со што влијае на продуктивноста на процесот. Освен ова, производството на пена, кое зависи од количината на воздух кој се користи, дополнително го намалува корисниот волумен во апаратурата.
Овие проблеми може да се надминат и решат со помош на технологиите на СОЛ за употреба на чист кислород; бидејќи концентрацијата на заситеност на чистиот кислород во водата е околу пет пати поголема од онаа на кислородот во воздухот, со користењето на технологијата Ecojet® може да се изврши хипер оксидација на воздухот со што се зголемува продуктивноста на ферментите.