Нафта и гас

Сопствено производство на азот - NitroSOL

Искуството на СОЛ со технологии за користење азот овозможува Групацијата да им нуди на своите клиенти оптимални и економични решенија за снабдување со гас за нивните производствени процеси, вклучувајќи и расположливост на гасот во компримирана или течна форма или преку производствени системи инсталирани директно во просториите на клиентите.

Сигурноста на системите за сопствено производство на СОЛ се базира на употребата на високо квалитетни и долготрајни компоненти, на своето обемно производство и примена на знаење и вештини во прилог на своето 30-годишно искуство во управување со овие системи.

Поконкретно, за секторот за производство на метал, СОЛ нуди системи за сопствено производство посебно проектирани, изработени и сертифицирани за овој сектор, со постројки опремени со постојана контрола на квалитетот на производството во согласност со барањата на клиентите.

Постројките од NitroSOL серијата користат PSA технологии со полимерни или криогенски мембрани врз основа на барањата на клиентите и се испорачуваат монтирани на контрукција за да се скрати работата околу инсталирањето;имаат капацитет на производство којшто може да се прилагоди на разни потреби на клиентите, со производствена чистота на азот која може да достигне содржина на азот од 99,999% и опсег на капацитет од неколку десетина литри во минута до над 1000м³ на час.

СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на