Обработка на метали

Лемење електронски компоненти

При процеси на залемување/лемење електронски компоненти со PTH или SMD техники, порастот на температурата на топење на безоловните легури ја забрзува оксидацијата на легурата што доведува до поголеми дефекти и отпад. Технологијата InerSol E вбризгува азот во огноотпорниот сад на машината за „брановидно“ лемење, како и во местата за предзагревање и топење во печки за да се контролирана количеството кислород во местата за топење на легурата за заварување.

Инертниот гас се вбризгува преку распрскувачки системи проектирани и изработени врз основа на типот СМД печка или машина за „брановидно“ лемење и садот за лемење на кој тие мора да бидат инсталирани за да се оптимизира инертизацијата на средината, намалувајќи ја потрошувачката на азот до минимум. Инертната атмосфера го овозможува следното:

  • намалување на дефектите на залеменото место и формирање отпад
  • намалување на трошоците, благодарение на помала потрошувачка на безоловна легура, одржување на огноотпорните садовите и намалување на времето потребно да се поправат дефекти;
  • намалување на бројот на прекини и нерамнини;
  • добивање поголем сјај при лемењето.
СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на