СОЛ за здравствената индустрија

Технологии и услуги за здравствениот сектор

Медицински уреди

СОЛ е првата компанија во Италија која во 1998 година има добиено сертификат за својот систем за управување со квалитет, безбедност и заштита на животната средина, којшто денес се однесува на UNI ISO EN 13485:2004, за проектирање, изградба и техничкото управување со постројка за централизирана дистрибуција на медицински гасови и за медицински уреди.

Денес Групацијата СОЛ проектира, конструира, обезбедува и управува со широк спектар медицински уреди, CE-обележани во согласност со Директивата 93/42/ЦE, од наједноставни до технолошки најнапредни: централизирана постројка за дистрибуција на медицински гасови, ендокавитарна аспирација и за отстранување анестетски гасови, постројка за производство на лице место на F.U. квалитетен медицински воздух и вакуум, линии за дистрибуција на течен азот и криобиолошки соби од типот „клуч-на-рака“, уреди за администрирање лекарства, апарати за обезбедување медицински гасови при итни случаи, опрема и потрошен материјал.

Медицински уреди
СОЛ за здравствената индустрија
Сакате нешто да пријавите? Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на